Астрологијата на грчките богови открива кој ќе плива во пари во септември

t

Logo
HomeЗабава
ЗАБАВА
Астрологијата на грчките богови открива кој ќе плива во пари во септември
02/09/2023

Овен – Арес

Арес (или Марс во римската митологија) е грчкиот бог на војната. Тој е најстариот син на Зевс и Хера, со огнен и нескротлив темперамент. Слично на Арес, и припадниците на знакот Овен се под директно влијание на Марс, лидери од раѓање и предодредени за големи дела.
Септември ви носи нова енергија, за вас позитивна, во секоја смисла. Во септември ќе бидете фокусирани на работата и заработката. Ќе се истоштувате на работа, но тоа ќе биде добро наградено.

Кога станува збор за љубовта и партнерските односи, до 15. септември кога завршува ретроградниот циклус на Меркур, најпаметно е да не влегувате во расправии и да не се обидувате да барате правда за она што ве тишти од минатото. Вториот дел од септември ќе биде многу подобар, па искористете го за стабилизација на односите.

Здравјето е добро, само внимавајте на вирусни инфекции.

Близнаци – Хермес

Хермес (познат како Меркур во римската митологија) е син на Зевс, гласник на боговите, заштитник на патниците, пастирите, па дури и крадците. Родените во знакот Близнаци, до втората половина на септември нема да знаат каде е лево, а каде десно, поради ретроградното движење на Меркур. Ова не важи единствено на оние Близнаци кои во наталната карта имаат ретро Меркур, бидејќи тие ќе расцутат и сè ќе им оди од рака.

Втората половина на септември за сите ќе биде еден од најуспешните периоди во годината во секоја смисла. Ѕвездите ви се наклонети и ќе реализирате сè што ќе намислите. Во љубовта ве очекуваат такви пресврти какви што не сте ни сонувале.

Здравјето ви е одлично.

Лав – Аполон

Аполон е еден од омилените синови на Зевс, исцелител и претскажувач, покровител на уметниците и заштитник на родените во хороскопскиот знак Лав. По сите подеми и падови низ кои поминавте, дојде време да се опуштите и да уживате во плодовите на својата работа, како и во полниот паричник. Венера ова лето долго остана во вашиот знак и ќе ви донесе убави вести, како на поле на финансии, така и во љубовта.

Кога на 4. септември Венера ќе го започне своето директно движење, многу Лавови ќе станат сериозни во својата врска и ќе работат на проширување на семејството. Уживајте во наклонетоста на ѕвездите и искористете го овој одличен момент за да си ги исполните соништата.

Здравјето ви е солидно, само најдете начин да го канализирате стресот.

Вага – Афродита

Афродита, во римската митологија позната како Венера, е родена од морска пена, а е божица на љубовта и убавината. Родените во овој знак треба да се радуваат, бидејќи во септември ќе имаат многу причини за тоа. Ве очекува остварување на соништата, обнова на старо пријателство и распламтување на страста и емоциите.

Финансиите ви се многу добри, а ќе имате можност и за дополнителна заработка или понуда за промена на работата која не се одбива. Бидете активни, дружељубиви и искористете ги даровите од небото што ви пристигнуваат во септември.

Здравјето никогаш не ви било подобро, а енергијата ви е на највисоко ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…