Уапсен украински олигарх од црна листа на САД
Безбедносната служба на Украина го обвини олигархот Игор Коломојски, кој беше мета на санкциите на САД во изминатите три години, за измама и перење на пари.
Апсењето на истакнатиот бизнисмен и еден од најбогатите Украинци кој го поддржа претседателот Володимир Зеленски на изборите во 2019 година, се случува во време кога Киев сака да докаже дека дури и во време на војна се бори против корупцијата.
Олигархот Коломојскиј испрал половина милијарда украински гривни што е еднакво на 14 милиони американски долари од 2013 до 2020 година, повлекувајќи ги во странство користејќи ја инфраструктурата на банките под негова контрола, се вели во соопштението на Безбедносната служба на Украина.
Коломојски претходно ги негираше сите обвинувања против него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…