Денеска се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните.
При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин. Во близината на Халкидон го убија Северијан, а Агатоник и останатите беа одведени во Тракија, во местото Силиврија, каде после мачења беа убиени со меч и влегоа во радоста на својот Господ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…
Во делови од земјата појава на град,…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…
Трамп се закани дека ќе ги удвои…
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави…
Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…