Кривична пријава за фалсификување пари

t

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од с.Пекљане, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и кривично дело „фалсификување пари“.

Имено, на почетокот на јуни 2023 година, жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон, по што пријавениот и се јавил и се договориле да го купи телефонот.

Откако ѝ дал четири банкноти од по 100 евра, таа се посомневала во нивната исправност и настанот го пријавила во полициска станица. По извршените проверки било утврдено дека парите се фалсификат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Силно невреме со град го погоди Охрид

Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…

Чупиќ нов тренер на Вардар

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…