(Видео) Доктор Лазаров: Фелата е во шок, ваков случај нема никаде во светот!

t

Цела фела е во шок од ова, јас само се надевам дека нема да се потврдат тие последни информации за крадење терапии од пациентите. Нема ваков случај во светот досега, стварно се надевам дека е само финансиски криминал, ова е нова димензија на дно, вели во изјава за Инфомакс од денешниот протест докторот Ненад Лазаров.

Де факто е повеќе економски криминал, од она што го знам, дека немало или се малку случаи со кратење терапии и физиолошки раствори, инаку и ние како фела ќе се дигневме за ова.

За наводите дека се барало мито за пациентите, доктор Лазаров вели дека никој не е имун на тоа, дури и во ваква ситуација кога се работи за лица кои се борат со најподмолната болест.

– Јас сум дојден не како лекар, туку како пациент пред се, секој од нас ќе заврши на тие кревети, прашање на време е само кога, вели Лазаров.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…

Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…