ПОПЛАВИ ВО БУГАРИЈА: Две лица загинаа!

t

Две лица загинаа при поплавата во Царево, соопшти градоначалникотма бугарскиот град, Георги Лапчев. Едното тело е пронајдено во населбата Василико, а другото на плажата Нестинарка.

Идентитетот на загинатите се уште не е јасен. Официјални информации од полицијата се уште нема.

Царевската окружна судијка Марија Москова и нејзината ќерка се уште се водат како исчезнати.

Градоначалникот на Царево потврди дека двете брани во градот се прелеваат. „На територијата на општината има две брани кои се излеваат. Тие се под контрола. Поставени се специјални хидро пумпи кои ја испумпуваат малата брана која има поголем проблем. Ние го контролираме секој од процесите. Службите се на лице место, информирани се лицата кои се во близина на излевањата, евакуирани се оние кои се во опасност“, изјави Георги Лапчев.

Според него, дождот веќе престанал и се очекува да престане излевањето на браните. Ситуацијата и понатаму е комплицирана во Царево, како и во селото Кости, јавува bTV.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…

Шпанците живеат најдолго, Бугарите најкратко во ЕУ

Просечниот животен век во Шпанија е 84…

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали Македонија…

Шефот на бугарската држава Румен Радев смета…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…