Акција на турската полиција: Уапсени лица под сомнение дека се поврзани со ИСИС

t

Полицијата во Истанбул уапси пет лица под сомнение дека се поврзани со терористичката група ИСИС, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Полицијата спроведе антитерористички операции за фаќање шест лица осомничени дека обезбедувале средства за печатење и продажба на пропаганден материјал во книжарниците во име на терористичка група“, изјави Јерликаја на платформата Икс.

Истакнувајќи дека операциите биле извршени во пет области на Истанбул, тој додаде дека во акцијата биле фатени петмина осомничени, а запленети се бројни дигитални материјали и 73.000 долари, јави Анадолија.

Во 2013 година Турција стана една од првите земји што ја прогласи ИСИС за терористичка организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за правда ѝ се заблагодари на…

Министерството за правда и министерот Кренар Лога…

Ердоган: Xитлеp би позавидел на геноцидните методи…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска…

Најмалку осум лица загинаа, 11 се повредени…

Најмалку осум лица загинаа, а 11 други…

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…