Соборен историски рекорд: Грција забележа најголема количина врнежи досега за 24 часа

t

На подрачјето на Пелион во југоисточниот дел на Тесалија во централна Грција е забележано најголемо количество на врнежи во последните 24 часа од почетокот на мерењата, со над 754 милиметри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите соопштија дека оваа количина на врнежи е забележана од полноќ меѓу понеделник и вторник до 20 часот и 45 минути истиот ден во селото Загора, пренесе „Катимерини“.

Според податоците на Националната опсерваторија на Атина, претходниот дневен рекорд на врнежи го држеше селото Макриница, исто така на Пелион, со 417 милиметри на 10 декември 2009 година.

„Ова што се случува во Тесалија е исклучително екстремен феномен, како по обемот и интензитетот на врнежите, така и од аспект на времетраењето“, изјави за „Катимерини“ Костас Лагувардос, директор за истражување во Атинската опсерваторија.

Претходно беше објавено дека еден човек загинал во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата Даниел ја погоди Тесалија.

Обилните дождови донесоа проблеми во Солун, Лариса, како и на островот Скијатос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…

Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…