Во август буџетот се полнел подобро од очекуваното, објави Лукаревска: Речиси седум проценти подобро од планираното
Во август остварен е вкупен даночен приход од 9,23 милијарди денари што е за 26,03 проценти поголем приход во однос на истиот месец лани и за 6,88 проценти повеќе од планираниот приход, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил.
„Ваквите податоци покажуваат интензивирање на економската активност и стабилност на државниот буџет што пак од друга страна придонесува да се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните, средства за реализација на нови проекти, мерки за поддршка на бизнис секторот, за вложување во поквалитетни услуги во здравството, субвенции за земјоделците и слично“, коментира Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП констатираше неправилности кај 49 даночни обврзници
Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија…
Нема „Мој ДДВ“ додека не се изгласа…
Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот,…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
УЈП ја објави најновата Листа на должници…
Управата за јавни приходи ја објави Листата…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…