Четири жртви од поплавите во Бугарија

t

Припадник на Граничната полиција го извлече телото на четвртата жртва од поплавите во Царево, Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми. Телото е на жена, јави БНР, повикувајќи се на информации од директорот на ОДМВР-Бургас, комесарот Емил Павлов и Кризниот штаб во Царево.

Во текот на целиот ден со дрон и чамец продолжи потрагата по ќерката на починатата судијка Марија Москова. Претходно денеска телото на Москова беше пронајдено во морето во близина на пристаништето Царево.

Двете жени вчера ги проголтала поплавата додека се евакуирале со семејниот џип. Другите две жртви се двајца мажи, забележува БНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…

Шпанците живеат најдолго, Бугарите најкратко во ЕУ

Просечниот животен век во Шпанија е 84…

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали Македонија…

Шефот на бугарската држава Румен Радев смета…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…