И свинското месо ќе ни стане луксуз, од денеска поскапо за 40 денари по килограм

t

Уште еден удар по џебот на граѓаните. Денеска свинското месо доби нова цена, односно еден килограм се продава за 40 денари поскапо.Еден килограм живо свинско месо се продава по 150 денари за килограм, а во месарниците свежото свинско месо се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата. Трговците ова поскапување го образложуваат со зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и недостатокот на свинско месо на пазарот.

На цената влијаеше и појавата на африканската чума во најголемата фарма во карбинскиот регион. Од вчера е почната еутаназијата на 9.000 свињи од оваа фарма.
Викендов првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Никола Бабовски порача дека нема потреба да се манипулира за зголемување на цената на свежото свинско месо, но големите одгледувачи одлуката веќе ја донеле.Се најавува зголемување на цените и на млечните производи. Се очекува и одлуката на Владата за враќање на намаленото ДДВ за повеќе од 1.000 производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…