Русија: Снабдувањето на Украина со муниција со осиромашен ураниум е знак на нечовечност
Руската амбасада во САД ја осуди одлуката на Вашингтон да го снабдува Киев со муниција со осиромашен ураниум.
– Одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност, соопшти Амбасадата на Русија и предупреди на ризиците поврзани со „подвижните радиоактивни облаци“ предизвикани од ова оружје.
САД најавија помош од милијарда долари за Украина, што треба да даде „нов поттик“ за контраофанзивата на Киев. Воениот дел од оваа помош во износ од 175 милиони долари предвидува испорака на муниција со осиромашен ураниум.
Употребата на муниција со осиромашен ураниум е контроверзна поради токсичните ризици за војската и населението.
Во соопштението од Руската амбасада се истакнува дека Вашингтон „одбива да го прифати неуспехот на така наречената контраофанзива на украинските вооружени сили“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД придвижуваат редок разузнавачки авион кон исток,…
Американскиот разузнавачки авион RC-135U „Комбат сент“ е…
Дрекслермајер затвора во Србија, повеќе од илјада…
Германската компанија „Дрекслмаер“, производител на кабелски сетови…
Нови детали за двојната смрт во Богданци:…
Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во…
Обвинителството поведе постапка против двајца вработени на…
Основното јавно обвинителство – Штип поведе постапка…
Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски…
Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот…