Претседателот на ИНТЕРПОЛ упати честитка по повод 32 годишнината од независноста на Македонија
Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ел-Рајси, упати честитка до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и граѓаните на државава по повод 32 годишнината од независноста, како и лична поддршка до Спасовски во идните подвизи.
– Ми претставува задоволство да ви изразам вам и на вашата Влада, како и полиција и граѓаните на Република Македонија, топли поздрави и честитки по повод 32 годишнината по повод независноста на Македонија. Ја ценам вашата посветеност во соработката со ИНТЕРПОЛ, како вреден член на Организацијата од 1993 година, што беше демонстрирано со активна улога во операциите, учествувајќи во тренинзите на ИНТЕРПОЛ и користејќи ги датабазите на ИНТЕРПОЛ, стои во писмото од Насер Ел-Рајси.
Тој дополнува дека граѓаните на Република Македонија и нивната силна посветеност на вредностите и целите на ИНТЕРПОЛ се вредни ресурси за нив и очекува соработката да продолжи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Иран откри нов подземен „град на…
Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…
Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…
Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…
Француски експерти бараат построги правила за вештачката…
Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…