(Фото) Се скараа Ангелов и Илковски: Генералот ја фрли ракавицата и го покани новинарот една вечер да гасне пожари заедно со него
Жестока кавга на социјалните мрежи помеѓу директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и новинарот Јанко Илковски откако Ангелов објави фотографија од терен на која гасне пожар со нога.
-Не те заслужуваме, натчовечански напори се ова, напиша новинарот Јанко Илковски.

Батали иронија и сарказам, ти нудам на следниот голем пожар да те земам со мене и одблиску да набљудуваш како додека над глава ни летаат три ер трактори на ДЗС и два-три полициско-армиски хеликоптери, скокањето врз огнот и особено некоја бушава зелена гранка или лопата можат да спречат ширење на нов крак од пожарот, но само ако се наоѓаат во вешти и цврсти раце.
Ти нудам ексклузива да направиш реални снимки од непосредна близина со кои ќе ја засилиме граѓанската свест за опасноста од пожари.
Јас лично ќе те возам, верувај исклучително вешт возач по тешко пристапен терен сум, му одговори генералот, Ангелов.

Ангелов објави и видео од „завршниот удар“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…
Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…
Француски експерти бараат построги правила за вештачката…
Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…
МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…
Министерството за образование и наука соопшти дека…