САД НА УКРАИНА Ѝ ИСПРАЌА ЗАПЛЕНЕТИ ПАРИ ОД РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ: Кремљ реагира со предупредување

t

Кремљ денеска предупреди дека американскиот план во Украина да испраќаат средства запленети од санкционирани руски претприемачи е незаконски и дека САД ќе бидат одговорни за последиците од одлуката за испраќање муниција со осиромашен ураниум во Украина.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска во Киев изјави дека Вашингтон на Украина ѝ префла 5,4 милиони долари во „имот одземен од санкционирани руски олигарси, кои сега ќе се користат за поддршка на украинските воени ветерани“.

На тоа реагираше властите во Москва.

– Ова е тешко да се замисли и е спротивно на сè во меѓународното право и националните закони на тие земји. Штом ќе се укаже прилика, ние ќе ги браниме нашите права – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека некои руски претприемачи веќе добиле судски пресуди во европските земји според кои, таквите трансфери се сметаат за незаконски.

– Ниту еден случај на такво незаконско задржување нема да остане незабележан – изјави Песков.

Кремљ, исто така, предупреди дека САД ќе мора да одговорат за „многу тажните“ последици од одлуката за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум.

Противниците на оружјето како што е меѓународната коалиција за забрана на оружјето со ураниум предупредуваат на штетната прашина од употребата на таквото оружје и опасноста од загадување на подземните води и почвата. Земјите како САД и Велика Британија тврдат дека осиромашениот ураниум е добро средство за уништување на модерен тенк бидејќи неговата висока густина му овозможува да навлезе во оклопот.

Велика Британија во своите упатства наведува дека е тешко да се вдишува доволно прашина од осиромашен ураниум која би довела до негативни последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија во Таранто со 90 спортисти ќе…

Македонија оди со рекордна делегација на Медитеранските…

Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“

Зголемен број возила се регистрира на патиштата…

ГРК Охрид го одбрани пехарот на струшкиот…

Во финалето на традиционалниот ракометен турнир што…

Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО…

Романското Министерство за одбрана денес објави дека…

Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…