(Видео) Додик повторно се закани: Ако се случи ова, веднаш прогласуваме независност!

t

Доколку Кристијан Шмит го наметне Законот за државен имот, веднаш ќе прогласиме независност, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.


„Требаше да избереме висок претставник и да го потврди Советот за безбедност со соодветна резолуција. Не постои ниту едното ниту другото од тие работи. Кога велиш дека не е во ред според Дејтон, велат дека го поддржуваат Шмит. Секако дека поддржувате, но тој овде нема авторитет, каква демократија е ова“, рече Додик.

На прес-конференција во Бања Лука, Додик праша каква е таа Европска унија која може на тој начин да носи одлуки.


„Вратете го во Германија, но, се разбира, треба да му дадат 24.000 евра од неговата плата. Најважен ни е имотот, а Шмит го донесоа за еден ден да се обелодени неговата наводна одлука за Законот за сопственост на ниво на БиХ. Ако дојде до тоа, нека сметаат на тоа дека веднаш ќе донесеме одлука за независност“, рекол Додик, а пренесува порталот РТРС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…

Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…

Утре е Ден на жалост во БиХ

Владата на округот Брчко на Босна и…

ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…

Согласно барањето за помош што Владата на…

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…