Објавено на:

Путин бара забрзување на развојот на вештачката интелигенција во Русија

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од владата во Москва да го забрза развојот на вештачката интелигенција во Русија за да може да се натпреварува со западните земји во глобалната трка за вештачка интелигенција.

Според документот објавен денеска на официјалната веб-страница на Кремљ по состанокот на владата, рускиот претседател побарал до 2030 година да се обезбеди воведување мерки за поддршка на активностите на истражувачките центри во областа на вештачката интелигенција.

Трката за развој на вештачка интелигенција почна во последниве години меѓу најголемите технолошки групи во светот, како што се американските Гугл и Мајкрософт и кинескиот интернет гигант Бајду.

Рускиот претседател сака да го забрза и воведувањето на вештачка интелигенција во јавните претпријатија. А компаниите кои сакаат да добијат субвенции од федералниот буџет ќе имаат обврска да користат вештачка интелигенција.

Од 2024 година, програмата Системи за вештачка интелигенција ќе стане задолжителна и во високото образование, се вели во документот.

Путин во последниве месеци постојано повторуваше дека сака да постигне технолошки суверенитет бидејќи меѓународните санкции кои ја засегаат Москва ја спречуваат Русија да пристапи до странски софтвер и делови како што се полупроводници.

Во април, компанијата Сбер, еден од руските лидери во новата технологија, го лансираше својот робот кој зборува, приклучувајќи се на глобалната трка за такви средства создадени врз основа на вештачка интелигенција, како што е американскиот ChatGT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…