Груевски го честиташе Денот на независноста со цитат од Ѓорѓија Пулевски

t

Пред 148 години, во 19 век, во 1875 година, во време кога се формираат нациите во Европа, во време кога Македонија е под владеење на османлиската империја, безмалку 70 години пред заседанието на АСНОМ во 1944 година, македонскиот писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач Ѓорѓија Пулевски (1817-1893), роден во Галичник, автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик запишал, дефинирал, “исцртал” и ги поставил “црвените линии” во книгата „Речникот од три јазика” кој претставува разговорник на македонски, албански и турски јазик.

Авторот на оваа книга чии споменик со гордост го поставивме во центарот на Скопје во 2011 година, во таа негова втора книга ја изнесува јасната концепција и отворено ја прокламира идејата за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет.

„Народ се вељид, људи кои се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који, живувајед и се другарад еден, со други, и који, имајед, једнакви, обичаи и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество (татковина) од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.”

Да си ја чуваме нашата татковина – Македонија!

Да ја градиме, развиваме и унапредуваме.

Честит роденден татковино!

Честит роденден Македонијо!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски експерти бараат построги правила за вештачката…

Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…

(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…

Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…

МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…

Министерството за образование и наука соопшти дека…

Трамп рече дека не планира нови напади…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…