Ковачевски: Во случајот со Онкологија нема да има пардон за никого – избркани се оние кои работеле вон процедура, прашање е зошто тоа не било сторено порано
Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан во ГОБ 8-ми Септември одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека во случајот со Онкологија нема да има пардон за никого.
Тој напомена дека новото раководство на болницата им доделило отказни решенија на сите вработени кои работеле надвор од процедура наметнувајќи го прашањето зошто тоа не било направено порано од претходните раководства на болницата.
-Што се однесува до случајот со Онкологија, нема да има пардон за никого, Вие гледате дека и МВР и Обвинителството информираа дека сите документи и материјали се доставени до нив и се достапни. Новата директорка на клиниката која што е врвен експерт доцент доктор по онколошки науки, министерот за здравство излегоа на прес-конференија каде што исто така кажаа дека се е доставено. Тие имаат направено и кадровски промени во однос на работници кои во минатото се идентификувале како некои кои не се придржувале до процедурите и им го прекинале работниот однос, прашање е зошто претходно не им бил прекинат работниот однос. И на крај имам порака до сите институции кои работат на овој случај дека вниманието не само на граѓаните туку и моето внимание како претседател на Влада и членовите на Влада е насочено 100 процентно кон разрешувањето на овој случај, изјави Ковачевкси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…
МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…
Министерството за образование и наука соопшти дека…
Трамп рече дека не планира нови напади…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…