Објавено на:

Зеленски објасни: Руските воздухоплови се виновни за спориот напредок на контраофанзивата

t

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска призна дека воздухопловната супериорност на Русија ја запира украинската контраофанзива и се пожали на забавувањето на западната воена помош и санкциите против Москва.

– Ако ние не сме на небото, а Русија е, тие нè спречуваат од небо. Ја запираат нашата контраофанзива, рече Зеленски во Киев. Тој критикуваше дека „процесите стануваат сè покомплицирани и побавни, без разлика дали се работи за санкции или за набавка на оружје од Запад“. – Војната се забавува, ние го признаваме тој факт, рече Зеленски.

– Кога нашите партнери ни велат: „Која е следната фаза од контраофанзивата? Мојот одговор денес е дека нашите фази се веројатно побрзи од новиот пакет санкции“ против Русија, рече тој.

Украина редовно се жали на бавноста на мерките насочени кон забавување на руската војна.

Тој повторно посочи дека украинската армија ќе напредува побрзо доколку западните земји побрзо ја испорачаат муницијата со долг дострел што и овозможува на артилеријата да ја погоди руската одбрана, заднинскиот дел и логистиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…