Објавено на:

(Видео) Најдолгата погрешна пресуда во историјата на САД: Американец излезе од затвор по 47 години, дури сега докажал дека е невин!

t

Маж од Њујорк по 47 години е ослободен од сите обвиненија, откако со новото ДНК вештачење конечно беше отфрлено дека тој бил извршител на силувањето во 1975 година.

Тоа е најдолгата позната погрешна пресуда во историјата на САД која е поништена благодарение на доказите од ДНК.

Невин поминал четириесет и седум години во затвор. ДНК-тестирањето идентификувало уште еден маж, кој во меѓувреме го признал силувањето. Леонард Мек (72) поминал повеќе од четириесет и седум години во затвор откако во 1976 година бил осуден за злосторство што не го извршил. „Никогаш не се откажав од надежта дека еден ден ќе се докаже дека сум невин“, рече Мек откако беше ослободен од сите обвиненија.

Во мај 1975 година, две тинејџерки си оделе дома од училиште во Гринбург, Њујорк, кога еден маж ги запрел и им вперил пиштол. Едната од девојките била силувана двапати, додека другата успеала да побегне и да побара помош.

Полициската управа во Гринбург издала налог полицајците да трагаат по Афроамериканец на возраст од 20 години. Набргу по нападот, полицијата го запрела Мек, кој случајно се возел низ населбата. Иако Мек имал силно алиби и носел поинаква облека од осомничениот, полицијата сепак го уапсила.

Одделот за преиспитување на осудите на окружниот обвинител на округот Вестчестер, заедно со Проектот за невиност – непрофитна организација посветена на ослободување на неправедно осудени лица – спроведоа ново тестирање на ДНК во случајот на силување во 2022 година.

Откриле дека вистинскиот сторител е човек кој бил осуден за кражба и силување во Квинс што се случиле неколку недели по првото злосторство. Човекот исто така бил осуден во 2004 година за кражба и сексуален напад на жена во округот Вестчестер.

„Оваа ослободителна пресуда потврдува дека погрешните пресуди не само што ги повредуваат погрешно осудените, туку нѐ прават сите нас помалку безбедни“, рече окружната обвинителка Миријам Е Рока во изјавата, пофалувајќи ја „непоколебливата сила“ на Мек во неговата речиси 50-годишна битка да го исчисти своето име.

Погрешната идентификација на сведоците е водечка причина за погрешни пресуди, тврди Проектот за невиност. Во овој случај, девојките го идентификувале Мек за време на неуспешен процес на полициска идентификација.

Сузан Фридман, висок адвокат во Проектот за невиност, рече дека случајот има „многу обележја на погрешна осуда“. „Одлуката на државата да продолжи со гонење наместо повторно да ја отвори истрагата ја покажува моќта што расната пристрасност ја игра во системот на кривичната правда“, рече таа.

Мек, кој е ветеран од Виетнамската војна, живеел во Јужна Каролина со својата сопруга. „Сега вистината излезе на виделина и конечно можам да дишам. Конечно сум слободен“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…

Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…

Министерството за одбрана на САД објави инсерти…

Се огласи Хамнеи и објави заканувачка фотографија!

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се…