Левица: Сите инволвирани во случајот со Онкологија да завршат на обвинителна клупа

t

Политичката партија Левица бара сите инволвирани во случајот со Онкологија да завршат на обвинителна клупа.

– Се повторува праксата најслабите кои биле инволвирани во криминалите да бидат единствените кои понесуваат одговорност за целиот случај! Во случајот со крадењето на лекови од онкологија, деновиве е актуелно судењето на фармацевтскиот техничар во болничката аптека на Клиниката за Онкологија по основ на земање мито за издавање на терапија.

Спрегата помеѓу криминалот, политиката и обвинителството никогаш не била појасна!

Секоја откриена информација за случувањата на Онкологија заслужува внимание на ОЈО, па така и оваа за фармацевтскиот техничар. Сепак не е доволно. Според информациите кои пристигнуваат секојдневно, еден голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите. Во последните две недели Обвинителството не излезе со јасни обвиненија за сите за кои до сега се прибрани докази кои укажуваат дека биле дел од криминалната мрежа!

Пациентите сакаат одговорност, блиските на жртвите бараат правдата да ги стави позади решетки тие кои уништиле стотици животи, со што пак идните генерации би биле особено внимателни за последиците од неморални и непрофесионални медицински постапки! – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…