Шолц бара спроведување на реформите
„На граѓаните на Германија, како и на мене, им е преку глава од ова статус кво“, рече канцеларот Олаф Шолц (Социјалдемократската партија на Германија СПД), обраќајќи се пред Бундестагот за време на општата дебата за буџетот за следната година.
Тој ја повика демохристијанската опозиција во Бундестагот, сојузните држави и градови, бизнисите, синдикатите и јавната администрација да вложат напори за надминување на стагнацијата во реформите на многу сегменти од јавниот живот, кои, како што рече Шолц, ги кочат инвестициите и напредокот.
„Како канцелар не можам да наредам напредок. Затоа ве повикувам да ги собереме сите наши напори“, рече Шолц.
Тој ги наведе точките од неговиот Пакт за Германија, кој ќе содржи реформи што ќе доведат до намалување на бирократијата, зголемена изградба на дигитална инфраструктура и олеснување на имиграцијата за квалификувана работна сила. Сето ова, како што рече Шолц, треба да ги поттикне инвестициите и да придонесе за економски раст.
„Само заедно можеме да се ослободиме од слојот прашина создаден од бирократијата, стравот од ризик и споровите околу надлежностите што се акумулирале со години и децении“, рече германскиот канцелар.
Демохристијанската опозиција ги критикуваше конфликтите во владејачката социјалдемократска-зелено-либерална коалициска влада на Олаф Шолц, што придонесе за економската стагнација на Германија, но во исто време сигнализираше подготвеност за соработка со цел да се постигне проектот Пакт за Германија.
Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во Бундестагот, Александар Добриндт вети поддршка, но во исто време побара дополнителни мерки за спречување на илегалната имиграција, како што е воведување гранични контроли со Полска и Чешка, како и проширувањето на листата на безбедни земји во земјите од Магреб.
„Ако го направите тоа, ние сме подготвени за пакт“, рече Добриндт.
Подготвеноста за соработка ја сигнализираа и првите премиери на сојузните покраини, вклучително и оние каде што на власт е Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ.
Германската економија е на работ на рецесија втор квартал по ред, а претставниците на економијата постојано бараат од владата промени, особено во секторот за намалување на бирократијата и подобрување на инфраструктурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…