Јапонскиот МНР вчера пристигна во ненајавена посета на Украина
Шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши вчера пристигна во ненајавена посета на Украина. Тој е придружуван од директори од јапонски компании, меѓу кои и Хироши Микитани, основач и извршен директор на Групацијата Ракутен.
Како што соопшти јапонското МНР, Хајаши со украинскиот претседател Володимир Зеленски се разговарал за безбедносните гаранции и соработката во обновата на украинската економија.
На средбата со украинскиот колега Дмитро Кулеба, Хајаши ја повтори силната поддршка на Јапонија за Украина и итноста за ставање крај на руската инвазија со помош на меѓународната заедница.
На почетокот на следната година Јапонија планира да организира состанок на тема обнова на Украина.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида беше во ненадејна посета на Киев во март, при што се сретна со Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…