Дејвис: Завршната декларација на Г20 е капитулација пред Путин!
Усвојувањето на завршната декларација на самитот на Г20 во Њу Делхи ја симболизира капитулацијата пред рускиот претседател Владимир Путин, според колумнистот на „Бизнис инсајдер“, Чарлс Дејвис.
„Членките на Г20 се согласуваат руската инвазија на Украина да ја наречат „војна во Украина“, наместо „војна против Украина“, како знак на капитулација пред Путин, кој не беше ни таму“, се наведува во написот.
Според Дејвис, Западот всушност ја прифатил руската позиција дека режимот во Киев е нелегитимен поради државниот удар во 2014 година и дека самата Украина е вештачка конструкција.
Авторот наведува дека на самитот Г20 во Индија, Москва успеала да ја ублажи завршната декларација, според која наместо „воени акции“ против Украина, споменува само тенкови, беспилотни летала и стотици илјади руски војници на територијата на земја, која, според Москва, не би требало да постои во сегашната форма.
Декларацијата од Њу Делхи на Самитот на Г20 повикува на акција за конфликтот во Украина во согласност со целите и принципите на Повелбата на ОН.
Претставничката на Русија во Г-20, Светлана Лукаш изјави дека половина од членовите на организацијата одбиле да ги толкуваат настаните во Украина во интерес на Западот. Декларацијата ја одразува балансираната позиција за Украина и желбата за решавање на конфликтите ширум светот, истакна таа.
На претходниот состанок, во завршната изјава, мнозинството од членките на Г-20 го осудија конфликтот во Украина, но во декларацијата беше наведено дека постојат „други мислења во врска со оваа ситуација и санкциите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…