Апасиев: Пет телевизии ќе добијат ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА за владини реклами и со тоа нивните муциња ќе бидат затнати!

t

Со европско знаменце ќе се носи и законот за “поткуп на медиуми” со кој пет телевизии ќе добијат над десет милиони евра за владини реклами, вели лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев.

– По амнестијата на корумпираните елити од СДС-ДУИ-ДПМНЕ со ЕУ знаменце, ќе следи итно несење на законот за ПОТКУП НА МЕДИУМИ (исто со европско знаменце).

Со овој договорен шверц во Собрание, петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат) ќе добијат над 10 милиони ЕУР за владини реклами и со тоа нивните муциња ќе бидат затнати за да го пренесуваат народниот револт.

p.s. Напрајте си принт скрин од постов, за да не го репостирам у наредниов месец дена. 😘

#КорумпираноОпштество

#ЗаробенаДржава – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…

По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…

„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…

Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…

Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…

Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…

Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…

Следната недела СДСМ го промовира новиот закон…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во поткаст…