„ТЕЛА ВИСЕA НАД ХАУБА, СРБИТЕ НЕ МОЖЕА ДА ИЗЛЕЗАТ ОД АВТОБУСOT“ Исповед на Македонец кој случајно се нашол на патот кај Евзони
Три лица загинаа утрово во страшна сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со нишки регистарски таблички и автомобил, што се случи утринава, нешто пред 07:00 часот, на 521-от километар од магистралниот пат Атина-Солун, во близина на областа Поликастро кај Излез од Евзони.
Како што раскажал еден од очевидците, глетката била страшна, а над хаубата на автомобилот виселе две тела.
Еден од очевидците, Македонец, кој утринава се враќал дома од Кушадаси, ја затекнал сообраќајната несреќа на патот што го потресе регионот. Имено, како што објасни тој, на местото на настанот пристигнал малку откако се случила несреќата и таму видел страшна глетка. Вели дека му е тешко само што се присетувал.

– Беше страшно, се уште сум во шок. Едното возило беше на сред пат, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот. Патниците од српскиот автобус не можеа да излезат додека не пристигна брзата помош. Паднаа во ендек, но не премногу длабоко – рекол соговорникот за српски „Курир“.
Во сообраќајната несреќа учествувале двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници, кој директно се судрил со автомобил со четворица патници.
Тројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, а четвртиот е тешко повреден. Набргу откако автобусот се судрил со возилото, друг автомобил удрил во возилото.
Сепак, двајца патници, жена и дете, не се повредени.
Фото: Рина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…