ДИПЛОМАТСКИ ШОК: Медведев предлага прекин на дипломатските односи со ЕУ
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека е најдобро привремено да се прекинат дипломатските односи со Европската унија и да се повлече дипломатскиот персонал во Русија, по одлуката на ЕУ да им забрани на руските државјани да увезуваат одредени стоки на нејзина територија.
„Оваа одлука очигледно не е казна за „криминалниот агресивен режим во Кремљ“. Ова е конкретна шлаканица за секој граѓанин на Русија. Што да се прави? Сигурно нема да воведеме реципрочни ограничувања за граѓаните на ЕУ. Ние не сме расисти, за разлика од многу водачи на тие земји, чии роднини служеле во СС. А оние кои доаѓаат кај нас обично ја сакаат и ценат Русија“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.
Според него, најдобро би било едноставно привремено да се прекинат дипломатските односи со ЕУ, како и да се повлече дипломатскиот персонал во Русија.
Во исто време, Медведев потсети дека „амбасадите се евакуираат пред конкретни настани“.
Европската комисија минатата недела објасни дека како дел од воведените санкции, на автомобили регистрирани во Русија им е забранет влез во ЕУ, како и транспорт на некои лични предмети, на пример, паметни телефони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…