Трагедија во Тетово: 22-годишник донесен мртов во тетовската болница

t

Вчера околу 13 часот и 50 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 22-годишниот Ф.М. од тетовски Порој, извести СВР Тетово.

Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал. На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од здобиенте повреди Ф.М. починал на место, додека со повреди се здобил и еден малолетник кој, исто така, бил на тракторот, соопшти СВР Тетово.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на Ф.М. било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен ветер ќе ја зафати Македонија –…

Силен ветер од северозападен правец се очекува…

ЧОВЕКОТ КОЈ МУ ГО ДАДЕ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ…

По изборниот пораз на Српската напредна странка…

Лула освои четврти претседателски мандат, Флавио Болсонаро…

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…

Бирол предупредува: Нема брзо враќање на енергетскиот…

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика,…