Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата „Славејко Арсов“
Градот Скопје ги заврши градежните работи за реконструкција на улица „Славејко Арсов“ во општина Центар, со што се исполнува уште едно ветување за реализација на проект од програмата За модерно Скопје. Реконструкцијата на оваа улица која беше во катастрофална состојба е повеќедецениско барање од страна на граѓаните, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.


Целосната реконструкција на коловозот на улицата „Славејко Арсов“ и нејзините краци беше изведена на барање на жителите со цел зголемување на безбедноста и сигурноста во сообраќајот во овој дел од градот. Градежните работи на површина од 4.700 метри квадратни и должина од 1.000 метри, ги изведе јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…