Две женски тепачки во Скопје
Две физички пресметки помеѓу жени се пријавени во текот на вечерта.
Прво во СВР Скопје во 21:30 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П.(42) и М.Н.(28), двете од Скопје. Од полиција велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Р.Д.(33) од Скопје, пак, утринава во 2:40 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 0:30 часот во клуб за игри на среќа на подрачјето на Центар била физички нападната од женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отстранет е двоглавиот орел кој беше поставен…
Двоглавиот орел кој беше поставен на Кораб…
Жестоки судири во југоисточен Иран: Распоредени оклопни…
Жестоки вооружени судири меѓу иранските безбедносни сили…
Нетанјаху предупредува: „Имаме индикации дека нашите непријатели…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху излезе со сериозно…
Седум европски држави ги повикаа своите граѓани…
Франција, Германија, Италија, Шведска, Норвешка, Данска и…
Се подготвува ли напад: Русија го исклучи…
Рускиот државен нуклеарен гигант „Росатом“ денеска, 29…