(Фото) Граѓаните порачаа: ,,На вас се трагите од крв”, ,,кабелот ги продаде лековите”

t

Граѓаните вечерва на нов протест по скандалот на Онкологија за случајот со кражбата на лекови.

Оставка, правда за жртвите, предавници, на вас се трагите од крв, се само дел од барањата и прозивките на граѓаните.

Ова е втор протест по објавите дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогените заболувања завршувале на црниот пазар.

„Нашите барања и ултиматум од овој протест се: ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела; истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и на директорот Нино Васев; проширување на истрагата на работата на детската онкологија; целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија; правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; вклучување онколошки пациенти, кои ќе имаат увид во самата истрага“, порачаа организаторите.

„Чашата е прелеана а тие се спремни да одат до крај и да си ги измијат рацете преку новите измени на Кривичниот законик, беше порачано на протестот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…