Откриена националноста на убиените во Грција: Табличката со четири шестки на автомобилот е лажна
Истрагите на грчката полиција се во полн тек за откривање и апсење на сторителите, кои во понеделникот попладне егзекутираа шест лица во Луца кај Атина.
Пет од шесте жртви биле во автомобил, додека шестата била пронајдена мртва надвор од него. Според информации, станува збор за странци, најверојатно Албанци. Полицијата спроведува истрага за да се утврди дали сите идентификациски информации кои наводно ги поседуваат жртвите се вистински или лажни.
Оние кои дефинитивно се лажни, според извори на полицијата, се германските регистерски таблички на автомобилот марка Форд, кои наводно биле залепени за автомобилот со селотејп.
Според информациите, сценариото кое надлежните го сметаат за најверојатно е дека се работи за „расчистување на сметки“, поврзано со случај на дрога. Сторителите и жртвите се познавале и се чини дека, всушност, првите им поставиле смртна заседа на шестмината патници во автомобилот со лажни регистарски таблички.
Сценариото на смртна заседа е засилено со положбата во која се пронајдени жртвите (внатре во автомобилот). Според информациите, на местото на настанот се пронајдени 25 чаури, додека полицијата трага по црн автомобил и мотор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…