(Видео) Пијана девојка сакаше да избегне казна па го повика таткото полицаец, но заврши со лисици на рацете
На интернет се појави видео од несекојдневен настан од крајот на 2022 година, кога полицијата запре 21-годишна девојка бидејќи возела во алкохолизирана состојба.
Девојката Тереза Ли тврдела дека испила „само една пијачка“, но полицијата се посомневала дека испила многу повеќе и дека можеби со автомобилот удрила во блискиот семафор, со оглед на тоа дека браникот на автомобилот и бил оштетен.
За да избегне апсење, девојката неколку пати нагласила дека и нејзиниот татко е полицаец во локалната полициска станица и побарала да го повикаат.
Но, кога нејзиниот татко навистина се појавил, тој реагирал на сосема неочекуван начин. Имено, тој ја уапси.
Додека таа плачела и велела дека е „капитен на локалниот фудбалски тим“, нејзиниот татко ѝ рекол: „Застани сега и влези во автомобилот. Уапсена си!’
Таткото не се ни обидел да го прикрие случајот или да ја злоупотреби својата положба, туку ја натерал ќерката да преземе одговорност за своите постапки.
Во полициска станица биле направени потребните тестови и количината на алкохол во крвта била двојно поголема од дозволената граница.
Ваквата реакција на таткото беше широко пофалена на Интернет.
„Пофалба. Тој не го искористи својот авторитет. Ова е тешка ситуација за него, но таа мораше да извлече поука“, напиша еден корисник, а многу други се согласија дека иако сигурно му било тешко да го види своето дете со лисици, сепак постапил правилно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку здравствени институции добија нови директори
Министерството за здравство информира дека министерот Арбен…
Награда од три милиони денари за младите…
Владата на денешната седница донесе одлука на…
Камала Харис го избра кандидатот за потпретседател
Дури четворица блиски до Харис тврдат дека…
Камала Харис избра кандидат за потпретседател
Потпретседателката на Соединетите Американски Држави и најверојатниот…
Голема трагедија: 18-годишно момче од с.Истибања загина,…
Денеска (06.08.2024) во 02.37 часот во Полициската…