„Звукот на Скопје“ во петок на плоштад „Мајка Тереза“ и парк „Ибни Пајко “
Во петок, на сцените на плоштадот „Мајка Тереза“ и паркот „Ибни Пајко“ ќе се одржи уште едно издание на фестивалот „Звукот на Скопје“
– Звукот на Скопје“ е нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште и е во организација на Културно информартивен центар. Во рамките на овој фестивал, на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи кој сѐ уште ја бараат довербата од публиката.
Минатата година на фестивалот настапи незаменливата „Констракта“, а за оваа година исто така е подготвена возбудлива програма и за најпрефинетите музички вкусови.
На плоштадот „Мајка Тереза“, в петок во 20 часот ќе настапат „Фолтин“, „Natalee“, „Siz“ и „Кем“, додека на сцената на паркот „Ибни Пајко“ ќе настапат „Dimish#, „Zanadu“ и „Стој, После!“. Предвиден е и Кулпарк пред КИЦ, а во продажниот салон на КИЦ ќе има изложба на фотографии, велат организаторите.
Фестивалот е дел од проектот „Скопје – кандидат за Европска престолнина на културата 2028″.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…