Објавено на:

САД одмрзна Ирански фондови за да ослободи американски затвореници

t

Државниот секретар на САД Тони Блинкен потпиша документ за да се дозволи банките да пренесат 6 милијарди долари од замрзнатите фондови на Иран и покрај санкциите на САД.

Овој чекор е критично важен за договорот со Техеран за ослободување на американски затвореници во Иран, изјави Стејт Департментот.

Договорот е за ослободување на ирaнските Американци Симак Намази, Морад Табаз, Емад Шарги и уште двајца неименувани затвореници, кои беа пуштени од иранските затвори претходниот месец и во моментов се наоѓаат во домашен притвор.

Стејт Департментот во соопштението објави дека парите нема веднаш да бидат префрлени во Иран, туку најпрво ќе се префрлат во банка во Јужна Кореа, каде средствата ќе бидат задржани до исполнување на условите, а потоа ќе бидат префрлени на сметка на банка од Катар од каде Иран ќе има пристап на сметката за купување храна и хуманитарни добра. Средствата кои ќе бидат префрлени на сметката на банката во Катар ќе имаат ограничувања и САД ќе вршат супервизија за начинот на користење на овие средства, изјави портпаролот на Стејт Департментот.

Многу конгресмени изразија длабока загриженост за овој потег, кој многумина и го осудија меѓу кои и екс претседателот Донал Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

Москва и Вашингтон го осудија атентатот врз…

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до…

(Видео) Се запали авион на „Делта“, а…

Авион на „Делта ерлајнс“ се запали веднаш…

Бела куќа: Американските власти ќе искористат нови…

Американската администрација има намера да ги искористи…

(Видео) Блинкен и Кулеба отидоа на пица…

За време на ненадејната посета на Киев,…