Русија заработила двојно повеќе од замрзнатите златни и девизни резерви
Русија веќе заработи двојно повеќе од замрзнатата сума во нејзините златни и девизни резерви, изјави рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Источниот економски форум во Владивосток.
„Знам дека нашите златни и девизни резерви се замрзнати. Веќе заработивме двојно повеќе. Но, не станува збор ни за тие 300 милијарди, туку за поткопаната доверба во оние што го направија тоа“, рече рускиот лидер.
Тој оцени и дека е неопходно да се поддржи побарувачката на домашни производи и услуги.
„Главната задача е да ги направиме нашите брендови попрепознатливи. Неопходно е да се поддржи побарувачката за домашни производи и услуги. На пример, преку изложби, саеми и така натаму. Несомнено ќе го продолжиме овој процес“, рече Путин.
Покрај тоа, рускиот претседател најави дека наскоро ќе започне купувањето автомобили од домашно производство за руските функционери.
„Нашите автомобили можеби се поскромни од Audi, Mercedes, но треба да ја погледнеме Индија, каде што се потпираат на домашните возила“, рече тој.
Рускиот лидер претходно изјави дека сите руски функционери треба да се префрлат на користење на домашни автомобили, што ќе овозможи да се подобри квалитетот на руските производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…