Путин: Трамп е жртва на политички прогон
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е жртва на „политички прогон“ поради својата кандидатура на претседателските избори во САД во 2024 година, против актуелниот шеф на државата Џозеф Бајден.
„Ова е политички мотивиран прогон од страна на неговиот ривал“, рече Путин во Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде што присуствува на економски форум.
Путин оцени дека ваквата ситуација укажува на „изопаченоста на американскиот систем“.
Путин исто така рече дека значајни промени во американско-руските односи се малку веројатни без оглед на тоа кој ќе стане следен претседател на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…