НЕПРИЈАТНА И ТЕШКА МИРИЗБА СЕ ШИРИ НИЗ ПРИЛЕП; Никој не знае каде гори и од каде чади
Повеќе од 20 дена низ Прилеп се шири непријатна, тешка миризба што асоцира на хемикалии. Миризбата е главно во вечерните и во ноќните часови. Граѓаните реагираат и не знаат за што станува збор иако некои пријавиле до надлежните.
Од прилепската локална самоуправа потврдуваат дека до инспекторатот во Општината стигнале неколку писмени и усни пријави од граѓаните. Инспекторатот заедно со Државниот инспекторат за животна средина и со полицијата прават надзор и контроли. Направени се во два-три правни субјекти, но досега нема одговор.
– Пријавите се, главно, од оние што живеат од околината на фабриката „11 Октомври“. Инспекциски надзор излезе на терен во округот од каде е пријавена непријатната миризба. Во соработка е со МВР, со полициската станица со кои е одржан заеднички состанок и писмено е побарана соработка. Извршена е контрола и со претставници од државниот инспекторат за животна средина. Ситуацијата се испитува од каде доаѓа непријатната миризба. За жал, досега сѐ уште не е утврдено и не може да се каже ништо повеќе, иако последниве денови е забележано дека во кругот на фабриката „11 Октомври“ гори некаков отпад. Не можам повеќе да кажам зашто не знаеме што има таму, што горело, кој придонесол за тоа и дали миризбата е таа што доаѓа од таму. Се надевам дека ќе се реши во следниве денови по инспекциската контрола и надзорот што се направени – изјави Влатко Петкоски, портпарол во прилепската локална самоуправа.
Граѓаните бараат одговори, а градските власти велат дека доколку некој работел непрописно и незаконски, ќе сноси последици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресврт во истрагата за „бомбашки заговор“ кај…
Британската антитерористичка полиција денеска соопшти нови детали…
Моќни експлозии одекнуваат кај Ормускиот Теснец, засега…
Моќни експлозии се пријавени вечерва во подрачјето…
Швајцарија разгледува такса за странски работници
Швајцарскиот Совет на кантоните, горниот дом на…
Трамп претстави нова веб-страница заснована на вештачка…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ја…
Цената на златото се врати над 4.150…
Според податоците што ги објави Ројтерс, унца…