(Видео) Арсовска: Реконструирана улицата “Славејко Арсов” во Центар

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук објави дека се завршени градежните работи за улицата “Славејко Арсов” во Центар.

– Градот Скопје ги заврши градежните работи за реконструкција на улица „Славејко Арсов“ во општина Центар, со што се исполнува уште едно ветување за реализација на проект од програмата За модерно Скопје. Реконструкцијата на оваа улица која беше во катастрофална состојба е повеќедецениско барање од страна на граѓаните.

Целосната реконструкција на коловозот на улицата „Славејко Арсов“ и нејзините краци беше изведена на барање на жителите со цел зголемување на безбедноста и сигурноста во сообраќајот во овој дел од градот. Градежните работи на површина од 4.700 метри квадратни и должина од 1.000 метри, ги изведе јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”. – објасни Арсовска.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…

Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…