Повредени двајца полицајци: Фатиле криумчар на мигранти, па тој ги удрил со возило
На 12.09.2023 околу 15:10 часот на автопатот Велес– Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Е.(24) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој, со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е..
Претходно, С.Е. во близина на наплатна станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица.
С.Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно –транзитен центар Винојуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова канализациска мрежа и пречистителни станици за…
Преку Програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од…
ЕПП го осуди величањето на Младиќ во…
Европската народна партија (ЕПП) се огласи по…
Клековски најави промени: Без носење медицински документи…
Министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…