Речено, сторено: Вучиќ доручкуваше леб со паризер и јогурт
Следната недела ќе поевтинат уште десет важни производи. Среќен сум што можеме да им помогнеме на нашите граѓани. Објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм налог, Иднината на Србија.
Тој во краткото видео објави дека се наоѓа во Палатата на Србија, поради бројните состаноци кои го очекуваат и дека утринава во продавница отишле министрите Синиша Мали и Тома Момировиќ, кои пазареле половина килограм паризер од домашно произовдство, два литра јогурт, два леба „сава“, мајонез, две кеси…
Мали и Момировиќ отидоа во продавница и како што ветивме на оние кои тоа го бараа од нас, тоа не беше наш каприц, бидејќи рекоа дека веројатно тоа нема и не смееме да го јадеме, купија пола килограм домашно производство салама, два јогурта, два леба „сава“, две кеси и мајонез „добро“ и вкупната цена беше 585 динари, што се гледа од фискалната сметка – рече Вучиќ.
Тој нагласува дека вети и го исполни ветувањето за доручек.
Цената на овој паризер е поевтина за дури 140 динари по килограм и многу сум среќен поради тоа, што успеавме…Нешто што народот сака да го јаде, нешто на што израснавме и што и ден денеска сакам да го јадам…во авион…Кога одам во странство барам да ми напрват баш ваков сендвич – додал шефот на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…