Млад скопјанец ќе се гони за комјутерски криминал – си присвоил над 2.000 евра туѓи пари

t

23-годишен скопјанец лани преку компјутерски криминал остварил противправна имотна корист во вкупен износ од 135.211. денари.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Г.Д.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по член 251 од Кривичниот законик, информираа од полицијата.

Пријавениот обезбедил податоци од платежни картички на две лица и во периодот од 31.05.2022 до 17.06.2022 ги употребил за плаќање на повеќе интернет продажни места. Притоа, едното лице го оштетил за сума од 120.310 денари, а другото лице го оштетил за сума од 14.901 денари, со што за себе остварил противправна имотна корист во вкупен износ од 135.211. денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова канализациска мрежа и пречистителни станици за…

Преку Програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од…

ЕПП го осуди величањето на Младиќ во…

Европската народна партија (ЕПП) се огласи по…

Клековски најави промени: Без носење медицински документи…

Министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со…

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…