Објавено на:

Повторно пронајдени делови од дрон во Романија

t

Романија повторно откри потенцијални делови од беспилотни летала на нејзина територија, објави Министерството за одбрана.

Во раните утрински часови Русија изврши напад со дрон врз областа Измаил во јужна Украина, во близина на границата со Романија.

Трет пат во една недела Романија пријавува идентификација на фрагменти од дронови на нејзина територија. Романските власти на 6 и 9 септември пронашле фрагменти од дрон.

По инцидентите со фрагменти од дрон, Романија, членка на НАТО, денеска соопшти дека почна со изградба на засолниште за воздушни напади во југоисточниот регион на границата со Украина. Романија одлучи да ги зголеми безбедносните мерки по руските напади врз украинските пристаништа и инфраструктурата на Дунав.

Романската армија почна да работи на изградба на две бетонски засолништа со цел „да го заштити населението“ во градот Плаур што е во близина на украинското пристаниште Измаил, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

За изградбата на засолништата е ангажиран одред од околу 50 војници, а кога ќе бидат изградени ќе бидат предадени на локалните власти.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис претходно испрати протестна нота до Москва, осудувајќи ги „тешките нарушување на воздушниот простор што претставуваат закана за романските граѓани“ кои живеат во областа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…