Ангеловски: Кој и да дојде во Битола да нè победи, мора да игра врвен ракомет

t

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го предизвикаат Колштад во рамките на првото коло во Лигата на шампионите. По долга пауза битолчани се враќаат во елитното натпреварување. 

Во пресрет на натпреварот, во разговор за официјалнaта веб страница на норвешкиот клуб, анализа направи спортскиот директор на пелистерци, Бранислав Ангеловски. 

„Имаме млад тим, просечно со 23 години по играч и многу новајлии. Сепак, можам да ветам дека кој и да дојде да нè победи во Битола, мора да игра на врвно ниво. Кога играме дома, секогаш постои огромен ентузијазам околу натпреварите. Нашата сала собира 3.500 гледачи, веќе продадовме 1.500 сезонски билети, а останатите се во единечна продажба. Така што, кој и да доаѓа да игра во Битола како гостин, дознава што значи поддршката од јавноста. Нема да бидеме комплетни, имаме некои повреди и не сме на 100%. Сепак, нема да кажам кој не е подготвен.

Групата е многу тешка, до степен што дури три тима (ПСЖ, Кил и Алборг) можат да стигнат до Келн“, изјави Ангеловски.

Пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Колштад е закажана во терминот од 18:45 часот во „Боро Чурлевски“.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…