Нова рунда “пеење”: Вучиќ и Курти денес на разговор во Брисел!

t

Претседателот Александар Вучиќ и премиерот на приштинските приштински институции Албин Курти ќе се сретнат во Брисел како дел од новата рунда дијалог со шефот на дипломатската мисија на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.


Новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина ќе започне во 9 часот со одвоени средби меѓу Жозеп Борел и Мирослав Лајчак со двајцата лидери, по што ќе следи заеднички, трилатерален разговор, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Се додава дека на средбата ќе се разговара за спроведувањето на Договорот за патот кон нормализацијата, како и за други актуелни прашања.


На последната средба во Брисел, Александар Вучиќ и Албин Курти не седнаа на иста маса. Претседателот на Србија рече дека презентирал извештај за повредите на уапсените Срби кои не се виновни за ништо.
Клучна тема на разговор за Белград ќе биде обезбедувањето мир за Србите во Космет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…