Сопругата на озлогласениот Ел Чапо, пуштена од затворот во Америка
Ема Коронел Аиспуро, жената на Мексиканскиот крал на дрогата Жоакин „Ел Чапо“ Гузман, беше пуштена од затворот во САД по одлежување на две години од казната за трговија со дрога и перење пари, кажа претставник од затворот.
Ема Коронел беше осудена на тригодишна казна затвор во ноември 2021-ва откако се изјасни за виновна во случајот поврзан со криминалната империја на нејзиниот сопруг. Нејзината казна вклучуваше и 4 годишна условна казна под супервизија по одлежување на казната затвор и казна од 1,5 милиони долари.
„Можеме да потврдиме дека Ема Коронел Аиспуро“ е пуштена од затворот на Федералното Биро на Затвори денес, Септември 13, 2023-та“, кажа портпаролот Рандиле Гиамусо.