Османи на годишниот Форум на економската и еколошката димензија на ОБСЕ во Прага

t

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска и утре ќе присуствува на годишниот Форум на економската и еколошката димензија на ОБСЕ кој се одржува во Прага, а во рамки на Претседателството на Македонија со Организацијата.

Како што информира МНР, темата на Форумот е „Промовирање на безбедноста и стабилноста во регионот на ОБСЕ преку постигнување одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“.

-Во рамки на дводневната програма ќе се дискутира на важни теми кои се приоритети на Претседателството во втората димензија на ОБСЕ: справување со климатските промени, доброто владеење и антикорупцијата, олеснувањето на транспортот и трговијата и безбедност на храната, како и управувањето со ризици предизвикани од катастрофи, соопшти Министерството.

Официјалниот дел на Форумот ќе го отвори претседавачот со ОБСЕ, Османи, а предвидени се воведни обраќања и од генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, како и од министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски.

На покана на Османи, наведува МНР, настанот на едно место ќе собере видни делегати од владини и државни институции, претставници од приватниот сектор, академската заедница, граѓанското општество и меѓународните организации.

-Целта на Форумот е да ги продолжи, но и надополни дискусиите на оваа тема од Струшката конференција за економската и еколошката димензија на ОБСЕ, која се одржа годинава во јуни, како и да поттикне интерактивна дискусија и размена на национални искуства, што може да резултира со конкретни и остварливи препораки за ОБСЕ и нејзините земји учеснички, информира Министерството за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…