Мециновиќ: Ќе сноси ли одоговрност коалицијата СДСМ-ДПМНЕ ако Скопје остане без јавен превоз?!
Советникот од редовите на Левица во Советот на Град Скопје, Амар Мециновиќ, на денешната седница праша дали советот, односно коалицијата ДПМНЕ-СДСМ ќе сноси одоговрност доколку Градот Скопје остане без јавен превоз.
– Политички легитимитет има најмногу нашата советничка група, вие ја претставувате политичката волја на СДС, започна Мециновиќ откако Славевски упати провокација со прашањето дали потпишал пристапница за некоја друга партија.
– Јас како советник имам едно прашање, со оглед на тоа дека имаме претседател на минатиот осстав на совет тука таа можеби подобро знае дали постоело тргање на точки од дневен ред без Советот да се произнесе за тоа. Мене не ми е јасно, моето прашање е каде се разликува процедурата во тоа што точките за паркинг се повторуваа се додека не дојде до нивно гласање, а сега овие кои не се изгласани не можат, посебно што во јавност излегуваат информации дека возачи ќе го напуштаат ЈСП, сега ќе нема ни автобуси ни возачи, дали овој Совет ќе ја сноси одговорноста ако се случи крах во јавното сообраќајно претпријатие, истакна Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…