(Фото+Видео) Зошто Мицкоски се плаши од Груевски, па наместо тој да се соочи плукаат ботовите?!

t

“Демант на интригите на исплашените политичари“ е насловен демантот на Никола Груевски објавен пред два дена, во кој екс-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше гласините дека тој бил вклучен во формирање на нов политички субјект во земјава.

Но, кои се исплашените политичари на кои алудираше?

Иако претпоставката беше дека се мисли на политичари од власта кон кој Груевски секогаш се обраќа со критики, и најверојатно се мисли на нив, неочекувано наместо пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ најактивно на социјалните мрежи беше таканареченото „дувло“ од ботови на ВМРО-ДПМНЕ од каде опозициската партија го наметнува својот наратив на социјалните мрежи.

Партиското „дувло“ пак е под директна контрола на претседателот на партијата Мицкоски.

Познато ни е како одат нештата во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Тој не трпи критика, има премногу големо его, а нема храброст лично да возврати кога се во прашање многу попаметни и поспособни од него, бидејки знае дека ќе изгуби во таков директен и отворен дуел. Честопати лично и телефонски бара од сопсртијците јавно да го подржат кога има и најмала непријатна ситуација.

Оние кои добро го познаваат Мицкоски пак, велат дека лидерот на партијата најчесто во алкохолизирана состојба праќа пораки директно на лицата кои стојат зад партиските ботови, кои се главно млади лица кои работат за скромна плата и секој од нив контролира по околу 15 различни лажни профили, или пак праќа порака на нивниот координатор кој треба да ја дистрибуира пораката до сите, а секој од нив со свои зборови да ја објават. Се разбира содржината на пораката од Мицкоски, тие треба да ја објават и ја објавуваат како нивен личен став, најчесто со цел да се создаде привид дека многу народ размислува во некој правец посакувам за Мицкоски. Креирање лажна реалност со надеж дека таа ќе влијае лажната реалност да стане реалност.

Судејќи по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, најзасегнати од статусот на Груевски се токму луѓето од врхушката на партијата на чело со Христијан Мицкоски.

Што ова значи?

Прво, околу порталот кој објави дека партијата на Данела Арсовска е на адреса на Драги Митковски а кој според тој портал бил близок човек на Груевски. Јавна тајна пак е дека токму тој портал, кој издава и неделник, од неодамна е и сериозен поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ и пред се на Мицкоски.

Директниот јавен демант на Груевски дека не е ниту близок со Драги Митковски и Данела Арсовска, ниту има врска со собирање потписи за партија на Данела, според реакцијата на ботовите под контрола на Мицкоски, е всушност демант на Мицкоски, или барем Мицкоски така го сватил и затоа наредил напад врз Груевски.

Груевски не го спомна Мицкоски, но Мицкоски преку неговите ботови на твитер жестоко реагираше и јасно е кој бил исплашениот, односно кој го нарачал текстот на порталот кого Груевски го демантираше. Да не беше исплашен и да не беше нарачател на текстот, немаше така бурно и со лични навреди да реагира.

Второ, Груевски пишувајќи меѓудругото и за Максим Димитриевски, спомнува во еден дел од неговиот текст дека мисли дека тој е еден од оние кои добиле “насока” од ист центар да измислуваат наводни средби во Будимпешта и наводен договор на Груевски. А кој всушност тоа го кажа? Беса, Алтернатива, движењето на Изет Меџити и Максим Димитриевски. Неофицијални коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, кои немале соработка со Груевски.

Така, свесно или не, на некој начин во групата ботови се додаваат и Максим Димитриевски, Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами кои го шират истиот наратив на Мицкоски како и ботовите на социјалните мрежи. Со други зборови тие прифаќаат да одиграат улога на бот на Мицкоски, но со свое име и презиме. Да одработат за него, за кое би директно замолен од нив, со наратив дека тој сака да избегне директен дуел со Груевски за да не дојде до поголеми проблеми, па ако може тие да ја завршат валканата работа.

Стравот од Груевски кај Мицкоски е евидентет и трае долго, а пустиот не може да издржи а да не коментира, па мора тоа да го стори преку лажни профили и ботови. Демек “граѓани реагираат”, а не тој. А соте ние кои следиме и анализираме политика “пиеме нафта”.

Отвори го ботот и гледаш апла чив е, на Мицкоски. Од 100 објави во 90 го фалат и величаат Мицкоски или и навредуваат неговите директни противници.

Па така проверувајќи сваќаме дека преку некои од нив, Мицкоски повремено си го перка и Александар Николовски, веројатни кога е нешто незадоволен од него или за да му испрати порака дека тој нема да е неговиот наследник. Да, дефинитивно, да се плашиш дека Николовски ќе ти ја превземе функцијата во партијата и да немаш храброст да разговараш со него во отворен и личен разговор, туку преку платените ботови на партијата да мора да му нарачуваш напади, мора да се чувствуваш многу слаб и не сигурен во себе.

Всушност произлегува дека Мицкоски сака двоен ефект: ем неговите партиски пулени да профитираат од Законот со кој се намалија казните за два члена од Законот бидејки со тоа се скрати рокот на застарување од што корист имаат И. Јанушев, А. Милошоски, Љупчо Димовски од социјалистичката партија, Илија Димовски, Мартин Протогер, бизнис партнерот на Мицкоски-Димитар Димовски кој чека одлука на апелација, обвинетите во “Делчевски ниви” директни и најблиску поврзани со Мицкоски, и повеќе други, ем се јавил на повеќе политичари со кои гради коалициски потенцијал што и ним им одговара барајки сите да дадат изјави во медиумите дека ВС е направено заради Груевски, ем сака ова тајно да го искористи против Груевски набедувајки го дека токму тој го договорил ова во договор со власта за да добие амнестија, а всушност ако длабински се анализира од сите, Груевски најмалку добива од овој закон.
Повеќето горенаведени со Законот целосно си го решаваат проблемот, а Груевски решава само еден цел негов предмет (ТНТ) и делови од два или три други, кои предмети сепак ќе продолжат да се судат до крај и ќе има пресуда.

Веројатно да договарал Груевски, ќе направел многу подобар договор за него, отколку овој во кој тој добива многу малку (во предметот “Траекторија” Груевски бил обвинет под друга квалификација, по која гонењето во тој предмет му застарел уште во 2020 година).

Така, Мицкоски кој на секоја затворена средби со странците им ветува дека ако го остават прво да станел премиер потоа за два месеци ќе го изменил уставот, глумејќи патриот, сака и со сите сили се бори Груевски да не случајно се врати од Будимпешта, бидејќи тој во тоа во случај ќе стане толку инфериорен и неважен, толку многу ќе падне во негова сенка, што комплетно му ги менува перспективите, па овој дефинитивно многу исплашен човек со право има многу ниска самодоверба и страв од конкуренција.

Всушност Мицкоски сака Груевски да остане во Будимпешта за тој на раат да си владее во партијата без можност некој кој има тежина да му биде блиску.

А што се однесува до ветувањето до странците, не само што ни е тоа веќе видено во случајот со Јоханес Хан околу референдумот, туку Мицкоски минатата зима ги помина речиси сите општински комитети на неговата партија и им кажа дека во овој мандат на парламентот нема има промена на уставот, што значи дека во следниот (во потесни кругови и така кажал). Ова значи дека одкако Мицкоски би ги исполажажал неговите гласачи, со некое ефтино образложение дека направил и постигнал некакви промени во преговаралката рамка (кој всушност ќе се само симболични), ќе го одобри менувањето на уставот.

Баш јак лидер, нели?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…